Зошто на СДСМ и ДУИ им е потреба и Алијанса за Албанците во владината коалиција? Аналитичарот Сефер Селими со дециден одговор во синоќешното издание на „Клик Плус“.

„Прво – СДСМ би се ослободила од стравот за немање кворум и доаѓа во покомотна позиција, за да може да си ги турка своите програмски, политички, партиски агенди и сл. ДУИ, или поконкретно Али Ахмети, би се ослободил… освен што нема да оди повеќе во Собрание, се ослободува и од притисокот на тоа мнозинство, кое е какво што е и не е стабилно мнозинство затоа што има тројца пратеници кои не даваат безрезервна поддршка на Владата“, вели Сефер Селими.

Но, аналитичарот Арбен Раткоцери, вели дека влезот на Алијанса за Албанците во Влада е завршена работа и дека останале да се довршат само техничките прашања.

Арбен Раткоцери: Колку оваа коалиција би била корисна за државата или за албанското општество?

-Значи ти покренуваш хипотези дека влезот на АА во Влада може да биде погрешно?

Арбен Раткоцери: Не не! Не греши. Јас лично сум „за“ Алијанса да влезе во Владата, бидејќи има многу причини за тоа. Алијанса е единствената политичка партија, единствената политичка организација на Албанците во Македонија која собира структура чии луѓе над 20 години се во опозиција, структура на албанско општество која поради нивното убедување веќе 20 години ја плаќаат цената во оваа земја.

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми рече дека меѓународната заедница побарала од ДУИ, но и од претседателот Али Ахмети во овие важни и деликатни моменти за државата да има единство меѓу албанските сили.

„На адреса на нашата партија и на господинот Ахмети од нашите пријатели кои ѝ посакуваат најдобро на оваа земја, кои сакаат да ја видат земјава поперспективна и попросперитетна, бараат во овие важни моменти и со овие предизвици со кои се соочуваме, да покажеме единство и да нема поделби“, вели Арбр Адеми.

Независниот пратеник, Кастриот Реџепи, говорејќи околу можното приклучување на Алијанса за Албанците во Владата, рече дека информациите што ги има укажуваат на тоа дека близок човек на екс-партискиот претседател Зијадин Села, ги води преговорите за вклучување на АА во Владата. Реџепи додава дека сега веќе не се знае кој повеќе сака да биде дел од власта, поранешниот или актуелниот в.д. претседател на Алијанса.

Извор: ТВ 21