Грција воведува задолжителен негативен PCR тест за сите странски државјани кои сакаат да влезат во земјата. Mерката стапува во сила на 19 декември во шест часот, објавува грчкиот дневен весник „Катимерини“.
Од министерството за здравство информираат дека мерката ќе важи за сите земји, вклучувајќи ги и оние од Европска Унија.
„Оваа одлука е дел од напорите на владата да ја стави пандемијата под контрола додека се појавуваат грижи околу новиот сој омикрон“, соопшти министерството за здравство на Грција.