Од денеска 17 февруари отпаѓа PCR-тестот за влез во Бугарија за ученици и студенти од Грција, Турција, Србија, Северна Македонија и Романија, кои патуваат секојдневно или барем еднаш неделно во земјата.
Наредбата за отпаѓањето на PCR тестот за ученици и студенти доаѓа од министерот за здравство на Р. Бугарија Костадин Ангелов, важи и за учениците и студентите што живеат во Бугарија, но патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно.
Наредбата на бугарскиот министер за здравство којашто важи до 30 април годинава, беше издадена во текот на вчерашниот ден.