На денешната седница на Владината комисија, одржана на 1 август 2025 година, беше усвоен Предлог-одлуката за основање на ново општинско основно училиште во село Морани, општина Студеничани. Новото училиште ќе го носи името „Азем Марана“ и ќе функционира како независна и самостојна образовна институција.

Од политичката платформа ВЛЕН, која го соопшти ова решение, истакнуваат дека основањето на училиштето е резултат на неуморниот ангажман на заменик-министерот за образование и наука, Лулзим Алиу, како и дел од пошироката визија на движењето за создавање инклузивно, достоинствено и национално образование.

„Темелот на ова училиште не претставува само административна одлука – тоа е инвестиција во иднината, надеж за генерациите што доаѓаат и почит кон нашите историски личности, како што е патриотот и родољубот Азем Марана, чие име со гордост ќе го носи ова ново жариште на образованието,“ се вели во соопштението на ВЛЕН.

Од партијата нагласуваат дека во село Морани не се поставува само нова училишна зграда, туку се гради „тврдина на знаењето и националниот идентитет“, каде што младите генерации ќе се едуцираат со љубов кон знаењето, културата, мајчиниот јазик и сопствената историја.

„Ова е само еден од многуте чекори што ги преземаме во насока на вистинска еднаквост во образованието и заштита на албанскиот јазик во секој агол од земјата,“ се додава во соопштението.

ВЛЕН потенцира дека со ваквите активности, образованието веќе не е само политичка реторика, туку конкретна акција, реален резултат и суштинска трансформација.

Соопштението завршува со порака:

ВЛЕН за знаењето. ВЛЕН за нашите деца. ВЛЕН за образованието на албански јазик!