ВЛЕН е втора политичка сила во државата, објавија од коалицијата вечерва.
Од таму соопштија во кои општини победиле нивните кандидати и му порачаа на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да поднесе поставка.
„Освоивме убедлива победа каде што имавме кандидати во вториот круг. Убедлива победа во Тетово со над 5.000 гласови разлика, Боговиње со 1.400 гласови разлика, победа во Дебар, Долнени, во Струга со над 1.500 гласа разлика. Граѓаните зборуваа јасно – деструктивните политики на ДУИ повеќе не поминуваат. Време е Али Ахмети да поднесе оставка, а ДУИ да се реформира. За Албанците во Северна Македонија доаѓа светла иднина“, рекоа од ВЛЕН.
Текстот ВЛЕН: Станавме втора политичка сила во државата, победивме во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Долнени е превземен од МАКФАКС.























