„ДУИ, сега ребрендирана како Алијанса на коалиции на интереси (АКИ), 20 години ги држеше Албанците како заложници, користејќи го принципот на правична застапеност како маска за корупција, пазарење и одржување на својата моќ по секоја цена. Овој закон, кој требаше да биде одобрен во 2003 година, исчезна од агендата преку валкани зделки, клански интереси и политички игри. За нив, правичната застапеност не беше еднаквост, туку начин за вработување на внуци, внуки и партиски милитанти“, велат од „Влен“.

„Денес, благодарение на нашата влада, неправдата завршува. Со овој закон, секоја институција ќе биде обврзана да го почитува и унапредува принципот на фер и соодветна застапеност. Формирањето на Владино координативно тело, предводено од вицепремиерот, ќе го следи и гарантира неговото спроведување. Во рок од шест месеци, сите секторски закони ќе бидат усогласени со обврските што произлегуваат од овој закон, со што еднаквоста и правдата ќе станат функционален стандард за сите граѓани.

Ова е разликата помеѓу ДУИ и ВЛЕН. Тие ги користеа институциите за да се збогатат себеси и својот круг, ние ги користиме за да донесеме еднаквост и правда. Тие го сменија Кривичниот законик за да ги спасат сопствените корумпирани, ние ги менуваме законите за да гарантираме правична застапеност за сите. Тие донесоа штетни проекти како Отворен Балкан, ние носиме европски стандарди и правна еднаквост“, соопшти „Влен“.

Текстот „Влен“: Правичната застапеност станува закон, а не фасада за непотизам на ДУИ! е превземен од МАКФАКС.