„Во Никуштак, Липковско, започната е историска акција за затворање и санација на една од најопасните депонии во земјата, отворена рана со децении, која ги труеше воздухот, земјата и водата на илјадници граѓани“, велат од „Влен“.

„Оваа депонија, идентификувана во Националниот план како една од најкритичните точки за јавното здравје и животната средина, беше заборавена од ДУИ 24 години. Бескрајни ветувања, нула решенија! Жителите на Липково, Никуштак, Арачиново, Грушино и Орланце доживеаа само чад, отров и опасност по животот.

Промената дојде со ВЛЕН! Владата, произлезена од волјата на граѓаните, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, обезбеди 5 милиони денари од Буџетот за 2025 година, како и потребната механичка опрема за трајно затворање на оваа дива депонија. Проектот веќе ја има подготвена геодетската студија, додека работите веќе се започнати.

Ова е најјасен пример дека ВЛЕН не ветува, туку дејствува! За само една година направивме она што ДУИ не го направи за две децении. Со оваа акција го враќаме достоинството на жителите на Липково и целиот регион. Ставаме крај на долгогодишен кошмар и докажуваме дека промената е реална, опиплива и неповратна.

ВЛЕН е гаранција дека ова не е само победа за животната средина, туку и за здравјето, безбедноста и животите на нашите граѓани. ВЛЕН за Липково без отпад, за чиста животна средина, за живот со достоинство!“, се наведува во соопштението на „Влен“.

Текстот „Влен“: ДУИ вети, но труеше, ќе ја затвориме депонијата Никуштак засекогаш! е превземен од МАКФАКС.