Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани кој викендов се повлече од пратеничката функција.
Координаторот на групата, Беким Коќу, најави дека во следните денови ќе им се приклучи и десетти член, а се надеваат дека можеби во наредниот период ќе стигнат и до четиринаесет.
Со тоа, во моментот, пратеници од пратеничката група на „Влен“ се Африм Гаши, кој е и претседател на Собранието, Беким Ќоку, координатор на групата, Аднан Азизи, Мерита Колчи Коџаџику, Имерлије Салиу Фетаи, Саранда Имери Стафаи, Беким Сали, Калтрина Беќири и Фериде Хаџиу
„Го информиравме Претседателот на Собранието за членовите на оваа група и побаравме ова реконфигурирање на пратеничката група да се одрази во соодветните работни тела на Собранието. Очекуваме оваа обврска да се исполни во наредните денови“, изјави Коќу.
Тој им се обрати на гласачите кои ги поддржаа на парламентарните избори, порачувајќи им дека остануваат лојални, доследни и непоколебливи кон програмските определби и изборните ветувања.
Претходно, Алијанса на Албанците од коалицијата и власта, а лидерот на партијата Арбен Таравари поднесе оставка од фунцкијата министер за здравство.