Пратеник во американската држава Илиноис сака да се забрани продажбата на насилни видео игри на малолетници, особено играта „Grand Theft Auto“ заради зголемениот број на кражби на автомобили инспирирани од истата.
Демократот Маркус Еванс воведе предлог закон со кој би се забранила продажба на одредени видео игри на малолетници. Со неговиот предлог се забранува продажба на игри во се присутни „кражби на моторни возила со присутен возач или патник“, пишува „Chicago Sun Times“.
„Предлог законот ќе забрани продажба на некои од видео игрите во кои се промовираат активности на кои сведочиме во нашата заедница“, вели Еванс.
Имено, во Америка се почесто се случуваат кражби кои наликуваат на оние од видео игрите – некој дотрчува, го извлекува возачот од автомобилот и го краде, честопати со примена на сила и употреба на оружје.
Во понеделникот беше уапсен 16-годишник и обвинет за крадење автомобил. Пред неколку дена и двајца 15-годишници беа уапсени и обвинети за крадење автомобил.
Иако нема директна поврзаност меѓу играта „Grand Theft Auto“ и кражбите на возила, многумина мислат дека видео игрите се причина за насилни дејствија кај малолетници и сметаат дека забраната би помогнала да се намали криминалот, други веруваат дека видео игрите не придонесуваат за агресивни дела кај децата.