Белгиските власти ги одбија сите барања за дозвола за протест против рестриктивните мерки воведени за спречување на епидемијата од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.
Повеќе иницијативи се појавија на социјалните мрежи, откако слични протести се одржаа во соседна Холандија и доведоа до немири.
Барањата за дозвола за протест во недела во центарот на Брисел се сите одбиени и бриселските власти им препорачуваат на граѓаните да не одат на демонстрациите кои би можеле сепак да се одржат и покрај забраната.
Портпаролската служба на полицијата во Брисел порача дека дозволи не се издадени затоа што нема гаранции дека ќе се запазат мерките за безбедност и хигиена.
Минатата недела во центарот на Брисел се одржа мирна демонстрација против “класната правда“, на која не е регистриран ниту еден инцидент, но полицијата сепак приведе над 200 лица. (МИА)