Денеска до Централната изборна комисија, кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски.

Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата.

Секако, ова се однесува на сите поднесени кандидатури.

Претходно кандидатура поднесоа Димитар Ковачевски, Фросина Ременски, а најавено е такво нешто од Јован Деспотовски и Миле Зечевиќ.