Владините партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса разговараат за разрешување на директорот на Управата за санкции, Јовица Стојановиќ. Алсат дознава дека иницијативата потекнала од министерот за правда Кренар Лога, наводно поради немање резултати во работењето.

Дополнително на тоа, барање за негово разрешување имало и од странски фактори по неколкуте бегства, пронајдениот тунел, палењето на двете службени возила на затворот Идризово и неколку други причини.

Извори на Алсат тврдат дека во затворот Струга вчера бил и самиот Станковиќ кој се сретнал со Сашо Мијалков. Станковиќ за Алсат ја потврдил средбата со поранешниот шеф на УБК, но нагласи дека станува збор за посета во рамките на неколку други средби со затвореници низ затворите низ земјава.