Не само опозицијата, туку и власта, со неоправдано одложување, ги опструира уставните измени за внесување на Бугарите во преамбулата на уставот, што е предуслов земјата да започне преговори за членство со Европската унија, тврди политичкиот аналитичар, Никица Корубин, во интервју за телевизија Шења и порталот зоом.мк.
„Може опозицијата да тактизира, но не е јасно зошто тактизираат СДСМ и ДУИ. Ако уставните измени се приоритет на државата тогаш зошто треба да чекаме да зврши скринингот“, прашува Корубин обвинувајќи ја власта дека свесно во јавниот дискурс преку медиумите ја бомбардира јавноста со безмислици и небулози, кои го доверуваат во прашање и уставниот поредок.
Корубин се сомнева дека власта намерно го развлекува прашањето за уставните измени и остава простор за кревање хистерија во јавноста иако знае дека треба да се пишува само еден амандман.
„Вака како што е поставена работната група изгледа како да се пишува нов устав отколку дека се пишува уставен амандман и ова треба да не загрижи. Чуму работна група, пратеници, експерти кога знаеме што треба да смениме, Бугарите да бидат дел од преамбулата“, потсетува таа.
Спред неа, чудно е што пред две години власта и опозицијата барањето за внесување на Бугарите во Уставот го прифатиле со раширени раце, а после кога стан дел од преговарачката рамка тоа прашање прерасна во сага.
“Со преговарачката рамка, ЕУ не потсети кои се темелите врз кои се базира земјата, кои ја дефинираат и гарантираат нејзиното постоење“, вели Корубин.