Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски попладнево во Софија ги почна разговорите со претставници на бугарската Влада за справување со последиците од енергетската криза.
Премиерот Ковачевски беше пречекан од претседателот на привремената бугарска Влада Галаб Донев.
Во македонската делегација се и министрите за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, како и претставници од ресорите економија и енергетика.
Пред заминувањето за Софија, Ковачевски најави дека ќе се дискутира за снабдувањето со електрична енергија преку Бугарија, како извозник на електрична енергија, како и за едно од барањата на Стопанската комора, да биде обезбеден непречен проток на струја во текот на целиот зимски период.