„Бугарите во Република Северна Македонија се чувствуваат под окупација веќе 100 години. За прв пат, Екатерина Захариева ги истакна специфичните проблеми со бугарската етничка заедница во Македонија, изјави во емисијата „Нешто повеќе“ на Бугарското национално радио колумнистот Владимир Перев.
Според него, во Македонија може да се наречеш и Грк и Албанец, но не и Бугарин, затоа што на тоа се гледа како на предавство.
„Постои притисок во медиумите. Се појавуваат нелогични тези … Македонската влада продолжува да користи насилство врз македонските Бугари “, вели Перев.
„Ако Бугарија се повлече од позициите на нејзиниот етнички интегритет и нејзиното историско минато, на Бугарите не им останува ништо. Власта во Македонија знае дека македонската нација е вонбрачно дете на Русија и Србија, а негова бабица е Бугарија. Македонското раководство очекува помош од Русија дека ќе изврши притисок врз Бугарија … Проблемите на Македонија и на Бугарија со Македонија се многу сериозни “, вели во интервјуто за БНР, Владимир Перев.