Повикувајќи се на свои извори ТВ21 објави дека специјалистот по детска хирургија, доктор Владимир Чадиковски е можен кандидат за градоначалник на Скопје кој би бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

ТВ21 пишува дека Чадиковски има добар рејтинг според направени анализи на неколку агенции, а би поминал добро и меѓу албанските гласачи, а според изворите доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да договори коалиција со Алијанса за Албанците и Алтернатива за локални избори, во тој случај Чадиковски би бил следниот градоначалник на Скопје, покажуваат анкетите.