Битолскиот митрополит, владиката Петар верува дека со изборот на новиот патријарх на Српската православна црква, Порфириј, полесно ќе реши црковниот спор со Српската врква и покрај неговите изјави во одбрана на црквата на Вранишковски.
Владиката Петар смета дека Вселенската патријаршија може да помогне за решавање на спорот со СПЦ, но се противи решението да биде според украинско сценарио.
„Она што кај нас се обиде да се направи со тој преокт т.н. ПОА, зашто всушност тие за едно не прават ниту половина парохија и епископи т.н., монаси, монахињи и верници сите до 150 души, па не може тоа да биде споредба со Украинската црква. Кај нас е чисто с`е и треба да се има добра волја од СПЦ, тоа прашање конечно да се надмине“, изјавил за ТВ Алфа, митрополитот Петар.
Тој смета дека надежите на СПЦ се попусти затоа што Северна Македонија нема да се распадне, ниту ќе стане Јужна Србија.
Според него, во МВЦ не знаеле за средба во Истанбул на претседателот Стево Пенадаровски со неговата сесветост Вселенскиот патријарх Вартоломеј додавајќи дека нема ништо лошо од таквите средби.