Повардарскиот Митрополит Агатангел денес повторно се најде на мета на критики од јавноста, откако во Кавадарци, за време на традиционалното закројување на виновата лоза, упати благослов до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно да врател се што Македонија изгубила изминатиот период, пренесува Фокус.
-Примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци јас длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад – зборуваше Агатангел пред присутните.
Неговиот говор предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, во кои јавноста му порачува дека црковните лица треба да се воздржат од политички говори, посебно за време на верски празник. Го потсетија на улогата да обединува, а не да прави поделби по било која основа.
Ова не е прв пат во Кавадарци говорот на Агатангел повеќе да прилега на партиски митинг, отколку на црковен говор. Јавноста се сеќава кога пред пет години по повод празникот Свети Кирил и Методиј, во црквата Света Богородица во село Ваташа се одржа света литургија на која проповедаше Митрополитот.
Наместо очекуваниот црковен говор, тој тогаш на присутните им одржа лекција за таканаречената Тиранска платформа, порачувајќи им да не дозволат таа да се протне низ семејствата, оти била зло и пропаст на Македонците.
Тогаш голем број на верници реагираа поради тоа што се дозволило во светите храмови да се водат политички говори, и беше објавено отворено писмо до Агатангел.
Во писмото кое масовно се споделуваше на социјалните мрежи, граѓаните му порачаа на Митрополитот да не се појавува повеќе во Кавадарци.
Целиот напис прочитајте го овде.