Владиката Григорије пред неколку дена на Инстаграм објави видео во кое го искажува своето мислење за практикувањето јога, а наиде на жестока реакција од Српската православна црква.

Имено, Григорије рече дека „се распрашувал со лекари и физиотерапевти“ и дека „дознал дека јогата навистина нуди некои вежби кои се многу корисни за човечкото тело“, а нагласил дека не знае ништо за духовниот сегмент на јогата и дека зборува само за вежби.

Сепак, СПЦ реагираше брзо и многу остро со соопштение во кое се наведува дека одредени сегменти од физичките вежби во јогата претставуваат „религиозни пораки, како поздрав до Сонцето“ и наместо тоа советува „да се практикува пилатес наместо јога“.

Оваа реакција на СПЦ, односно советот, разочара многумина и луѓето на крајот го преплавија Твитер со бројни мемиња против црквата. Во продолжение ќе издвоиме некои од нив.