Владиците Петар и Агатангел се хоспитализирани во приватната болница „Систина“ откако добиле позитивен тест на ковид-19, објави Сител телевизија.
Владиката Петар за телевизијата изјавил бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива од можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Апелира до верниците сериозно да ја разберат состојбата со вирусот.