На утрешната владина седница ќе се разгледува предлогот за воведување стимулација за матичните лекари кои ќе постигнат вакцинација кај над 70 отсто од своите пациенти. Стимулацијата на матичните лекари би се одвивала во облик на бонуси.
Филипче, на денешниот брифинг со новинари, истакна дека постојат методи преку кои матичните лекари можат да упатат апели до своите пациенти за да се вакцинираат.
„Има методи и начини на кои комуницираат. Тоа го разговарав со колегите, тие во телефонска комуникација многу често им даваат совети на пациенти и ги повикуваат да се вакцинираат“, истакна Венко Филипче.