Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец негира дека владата со Нацрт акцискиот план против лажните вести претендира монопол над вистината. Забрчанец тврди дека владата сака да ги искористи сите капацитети на институциите и да ги поттикне сите чинители во општеството, како граѓаните, медиумите и образовните институции, во борбата против дезинформации.
Тој ја оцени како лажна вест информацијата дека владата наводно сака да формира некаква комисија, која ќе одлучува што е лажна вест, а што не е.
„Тоа е најевтино и најпропагандно пакување во однос на акцискиот план. Не, не сме ние за тоа, нема да одлучуваме која веста е лага која не, но сериозно ќе излеземе и ќе потенцираме ако некој лаже, како примерот со тоа дека немаме тестови за корона во јавното здравство.“, изјави, Забрчанец“, за Телма.
Тој негира дека во планот има арбитража, туку предвидува воведување медиумска писменост во образованието, владата оди напред со транспаретноста, а општините ќе станат транспарентни со тоа што мора јавно да објавуваат одредени документи.
„Ова е во ред да биде во планот? Или е глупо? Зарем ова не е начин за борба против лажните вести?- прашал Забрчанец.