Владата со првиот ребаланс на буџетот годинава планира да потроши дополнителни триста милиони евра од првично планираното. Расходната страна на буџетот е зголемена за 8,6 насто или сега ќе изнесува 4,3 милијарди евра. Со ребалансот Владата одвои пари од државната каса за исплата на К – 15 на вработените во администрацијата. Според премиерот Зоран Заев административците треба да добијат годишен регрес бидејќи е потпишан колективен договор уште во 2019 година
„Регресот за годишен одмор согласно гранскиот колективен договор за органи на државна управа, стручните служби на владата, судовите, јавното обвинителство, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државно правобранителство, општините, градот Скопје и т.н, овде спаѓаат исто така агенции фондови основани од Собранието“
Приходната страна на буџетот ќе се зголеми за 100 милиони евра или ќе изнесува 3,6 милијарди евра. Со ребалансот се очекува и зголемување на буџетската дупка од 180 милиони евра со што ќе достигне 6,5 отсто од БДП.
„Финансирањето на буџетот и дефицитот ќе се реализира во износ од 43,3 милијадри денари преки надворешни и домашни извори. Во рамките на отплатите по основ на претходни задолжувања влегува отплатата на еврообрзницата од 2014 во износ од 500 милиони евра која доспева во јули и државните обврзници во износ од 4,7 милијадри денари. “
Владата со ребалансот планира да одвои 100 милиони евра пари за ковид мерки, 107 милиони евра за капитални инвестиции. Со прекројувањето на државната каса проекцијата за раст на бруто домашниот производ останува како на првично планираното или растот да биде 4,1 отсто.
Andrea Cobanova