Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките.

Според Владата, опозициската партија, ресторанските услуги на бифињата ги прикажува за трошоци за ручеци на министрите.

„Тоа не се трошоци на министерот Љутков, ниту министерот Муцунски или друг владин министер, туку трошоци за бифињата кои функционираат во рамките на министерствата, кои ги користат и плаќаат и вработените кои плаќаат за услугите. Впрочем во времето на СДСМ оператор на ваквите услуги беше фамозната струмичка компанија Концепт“, велат од Владата.

Додаваат дека времињата кога министрите од таа партија трошеа брдо пари за скапи луксузирања и кога министри патуваа со владиниот авион до Ниш или до Солун на шопинг заврши.

Владата апелира: „Со голема претпазливост да се земат лажните вести продуцирани од партијата позната по дезинформирањето. Очигледно СДСМ одбра да продолжи со својата неконструктивност, некадарност и неспособност“.

Текстот Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри е превземен од МАКФАКС.