Власта само со зборови, а не и со дела се бори против корупцијата затоа што досега ги отфрлила сите иницијативи на Антикорупциската комисија, вели Нури Бајрами, член на Државната комисија за спречување на корупција.

Од шеесет поднесени иницијативи на ДКСК, постапено е само по 17, отфрлени се дури 15, а дури по 22 иницијативи воопшто не биле ниту удостоени со одговор, иако законски предвидениот рок изнесува 60 дена.

„Неретко упатуваме иницијативи за разрешување директори или лица што од Владата се  назначени на функции. Такви три иницијативи за утврдено непрописно работење поднесовме до Централниот регистар и тоа до Управниот одбор. Токму тие тела најчесто или одговараат дека нашите наводи не се точни или, пак, не одговараат во рокот од 60 дена, а нема предвидено што понатаму во ваков случај“, вели Бајрами за „Слободен печат“.

Досега Владата постапило по барањето на Антикорупциска да го разреши директорот на Агенцијата за филм, иако си одредено задоцнување.