Mакедонската влада смета дека изјавите на бугарски политичари, Красимир Каракачанов и европратеникот Ангел Џамбаски дека Македонија е бугарска држава, се против против добрососедството и пријателството.
Владата потсетува дека двете земји со последната посета на премиерот Зоран Заев во Софија упатиле јасни пораки дека се посветени да градат позитивни односи и доверба, со цел надминување на разликите.
Според неа, дијалогот и довербата се важни за да се дојде до решение за меѓусебните спорови.
Кога Заев е во Скопје заборава дека Македонија е бугарска, му текнува само кога ќе му треба нешто, вели бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.