Во знак на благодарност за вакцините, Владата размислува летово да ги ослободи српските државјани од плаќање патарина во земјава.
Ваквите најави синоќа ги даде премиерот Зоран Заев во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
„Не можете да се раздолжите кон ваков чин пријателство. Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но сепак Србија дала пари на граѓаните за тие вакцини. На пријателството да вратиме со пријателство“,рече Заев кој уште еднаш повтори дека владата направила сè што може за набавката на вакцини.