„Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ е нова кампања на Владата во борба против копрупцијата. Презентираа три спота во кои улогата на примачи на поткуп беа административци, но не и функционери. Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните да не се плашат и да пријавуваат корупција, а пораката е до сите носители на јавни функции и до јавната администрација. Инаку, земјава стагнира кога е во прашање борбата против корупцијата, а Транспаренси интернешнл ја рангираше на 111 место од 180 земји според Индексот за перцепција на корупцијата во 2020 година.
„Сите се под будното око на јавноста. И сите треба да знаат дека корупцијата не се исплкаќа. И тие што се фатени за корупција се во затвор и тие се најзасрамени пред своите деца и своите пријатели и ние мораме да се избориме за тоа зло. Јас верувам дека следните извештаи ќе бидат уште подобри и подобри. Ако се здружиме сите и навистина тоа зло коешто урнистува општества, има секаде во светот докази дека урнисува цели држави, општества, грозотија предизвука комплетна. Мораме да го совладаме. И тенденцијата треба да биде максимум искоренување на корупцијата и секако и криминалот кој што следи заедно со неа, митото кое се нуди, митото коешто се бара од друга страна“, изјави Зоран Заев, премиер.