Преку законски измени 1.100 стечајци ќе добиваат државна финансиска помош. Владата на денешната седница донесе одлука со која поранешни работници со најмалку 14 години работен стаж во државна компанија, да добиваат месечен надоместок од по 9.242 денари. Овие измени на Законот за материјално обезбедување на невработените лица треба да добијат зелено светло во законодавниот дом.

Advertisements

„На денот на поднесувањето на барањето, невработеното лице треба да е на возраст од најмалку 52 години за жени односно 55 години за мажи. Да остварило право за паричен надоместок по први јануари 1993 година, и од 31 декември 2020 година до денот на влегување во сила на овој закон да не било во работен однос“, рече Јагода Шахпаска Министерка за труд и социјална политика.

Според информациите, овие пари стечајците ќе ги добиваат сè до нивно пензионирање или до ново вработување. Еден од досегашните услови досега беа стажот да изнесува најмалку 15 години. Финансиски надомест до пензионирање засега добиваат 13 илјади стечајци.

Иле Петревски

Прикажи повеќе