Владата соопшти кај 50. училишта во Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период.

Ова се случува откако Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија.

Со оваа инвестиција, како што информираат од Владата, ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.

Текстот Владата: Педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи е превземен од МАКФАКС.