Еколошката такса од 3,5 денари без ддв на горивата и намалување на ДДВ-то на струјата од 18 на 5 проценити ќе бидат дел од дневниот ред на утрешната владина седница. Низата реакции од стопанските комори, но и на социјалните мрежи не ја предломислја Владата од намерата да ги воведе овие овие мерки. Очекувањата на министерот за финансии Фатмир Бесими се дека од први јули двете законските решенија ќе почнат да важат за граѓаните, иако за нив допрва треба да се кројат измени во постоечките закони и да добијат зелено светло од пратениците во законодавниот дом.
Advertisements
„Владата ќе оди со предлог да важат од први јули и со намера дека тоа во Собрание ќе успее да се изгласа во тој период. Да бидам прецизен, во ниту еден момент не реков дека Владата размислува да се повлече, јас реков дека Владата утре носи одлука, јас не можам да зборувам во име на цела Владата во смисла кога се носат одлуки на седница. Во овој дел надлежност на Министеството за финансии е само данокот на додадена вредност“, изјави Фатмир Бесими- Министер за финансии.
Министерство за животна среднина ќе треба да предложи измени во Законот за животна средина каде ќе ја вметне еколошката такса од 3,5 денари за бензинот и дизелот. Алсат побара одговор од Министерството дали е почнат процесот за измени во Законот, но до овој момент одговор не добивме. Воведувањето на еколошката такса за Владата е дел од зелената агенда со цел да се насочи земјата да инвестира кон обновливите извори на енергија. Бизнис заедницата реагираше дека не е време за нова давачка со оглед на ковид-криза која би направила дополнителен притисок врз економијата. Од друга страна, намалувањето на ДДВ-то економистите ја оценија како привремена мерка бидејќи намаленото ДДВ ќе важи до први јули 2023 со што повторно ќе се врати на мометалните 18 проценти.
Андреа Чобанова