Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека Владата вчера одлучила да набави набави 200.000 кинески вакцини, за кои е направен делатен план за транспорт, дистрибуција до вакциналните пунктови, како и начинот на спроведување на вакцинацијата.

Филпче очекува денвно да се вакцинираат до 2.500 граѓани и секој граѓанин што ќе се вакцинира, обезбедена е и втора вакцина по 21 ден, за што ќе добие соодветен сертификат.

Прво ќе се вакцинираат здравствените работници, кои работат со Ковид – пациенти во клиники и домови за стари лица, како и матични лекари и вработени во лаборатории.

Здравствените работници ќе се вакцинираат на еден пункт, другите од Скопје во поликлиниката ,,Букурешт” , а од други градови во вакциналните пунктови во градовите.

Втората група се лицата на возраст над 60 години, како и останатиот здравствен персонал и новинарите, вработените во градинки и училишта, како и лица над 18 години со други заболувања.

Во трета група се сите граѓани, кои ќе се регистрираат во ситемот ,,Мој термин”, објави Филипче.