Владата на Зоран Заев нема реална политичка волја за борба против корупцијата, изјави претседателката на Транспаренси Македонија, Слаѓана Тасева, во Неделното интервју за ЗУМ.МК објаснувајќи како Транспаренци Интернејшнл дошол до заклучок дека Северна Македонија е најкорумпирана земја во Балканот и меѓу најкорумпираните во Европа.

„Не постои реална политичка волја за борба против корупцујата затоа што нема буџет за истражните центри во обвинителството, нема средства за антикпрупциска комисија, нема софтвер, нема компјутер“, вели Тасева во интервјуто.

Таа смета дека владата на Заев личи на режимот на Груевски затоа што не сака да разговара со невладиниот сектор за состојбите со корупцијата во земјата, орфрлаат релевантни истражувања и не сакат да слушат за предлози како да се подобрат состојбите.

https://www.facebook.com/zoom.sm1/videos/130035642302597

„Има аменестија договорена зад сцена. Збориме за овие функционери коишто цел живот ни се вртат ама се недостапни за правдата и за оние за кои имаат напишани обвиненија. Tоа e недопирлиивост“, смета Тасева.

Според неа, Заев згрешил што не расчистил со претходниот криминал поради политички интереси спакуван во пакетот на општо добро.

„Ние сме држава на компромиси, амнестии, аболиции, државата во која владее се, ама не правото“, оценува Тасева додавјаќи дека властa контролира се во земјата, и судство, и парламент и бизнисот.