Владата на Република Северна Македонија се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина. Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина. Во соопштението од владата не е прецизирано за каква точно воена опрема и средства станува збор. Инаку, САД и 19 европски земји веќе испратија помош за Украина, која се состои во воена опрема, оружје, но и хуманитарна помош во храна, лекови и хигиенски средства.