Владата денеска во 12 часот ќе ја одржи редовната 75-та седница на која ќе биде разгледан Записникот од 39-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан вчера, во кој се вклучени измени на мерките за заштита на Комисијата за заразни болести, предложени на 28 мај.
-Пред министрите на разгледување ќе биде и Записникот од 13-тата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 28 мај 2021 година, информираат од Влада.
Седницата, на која ќе бидат разгледани повеќе точки на дневниот ред од Владината програма за работа и од интерес на граѓаните, ќе се одржи со физичко присуство на членовите и службите во Владата.