Германскиот инвеститор Некст.Е.Го Мобиле добил одобрување на државна помош од 42.585.856 милиони евра минатата година, покажа извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2022, пишува Фактор.
Произведувачот на електричните автомобили e.GO се уште не започнал со активна изградба на својата најавувана фабрика во индустриската зона во Тетово, но согласно договорот со државата, ќе ја добие оваа сума која за прв пат се објавува.
Увид во целосната содржина на договорот, кој беше потпишан во август лани, Владата не овозможуваше, а единствено беше декларативно споменато дека државната помош за проектот ќе изнесува 35 отсто од вкупната инвестиција од 130 милиони евра и дека нема да има даночни ослободувања за инвеститорот.
Целосната вест на Фактор.мк