Владата на Македонија попладнево соопшти дека се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ и донела одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина.
„Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина“, се наведува во владиното соопштение.
Инаку Европската Унија одлучи да преземе чекор без преседан за купување оружје за Украина, соопштија вчера од унијата при објавувањето на новата серија санкции кон Москва поради руската инвазија врз соседната земја. Претходно голем дел земји поединечно одлучија да и испратат воена помош на Украина. Русија ја започна воената инвазија на 24 февруари.