26-те мерки и препораки се поделени во две групи: првата се однесува на заштита на животниот стандард и одржување на ликвидноста на компаниите, а втората група е за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка

Нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи како што се лебот, шеќерот, брашното оризот и јајцата, ваучери од по 1 000 денари во период од три месеци за најранливите категории да си купуваат храна, но и намалени акцизи за дел од горивата, како и помало ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенси …

Ова се дел од пакетот мерки кои Владата ги донесе на денешната седница. Пакетот се состои од 26 мерки и препораки, со кои власта сака да ја ублажи кризата која е резултат на пандемијата, но и на воената агресија на Русија врз Украина.