Мината година се реализирани 30 % од иницијативите, препораките на Антикорупциската комисија до Владата и владините институции, додека оваа година реализицијата се зголемила за еден процент и сега изнесува 31%. Ова во емисијата „Дебати“ на тв Шења го соопшти претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Јас не сакам да употребувам многу зборови, кога имаме бројки што се аргументи. Што да коментирам повеќе. Сега го потготвуваме извештајот за нашето работење во текот на 2021 г. Таму има една табела во која што пишува: „До Владата и владини институции сме доставиле толку и толку иницијативи и препораки“, реализацијата лани беше 30% а сега е 31 %. Има напредок“, изјави Ивановска.