Владата денеска го усвои планот за распределба на рамковно вработените административци.

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вели дека новите решенија за работа на административците ќе им се доделат наредните неколку денови.

Министерството за информатичко општество и администрација, е задолжено во рок од седум дена, од приемот на актите за систематизација на овие административни службеници, да ја заврши постапката за нивно упатување на предвидените работни места.

Груби објасни дека институциите каде ќе треба да работат службеници се должни да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.