Владата на Република Северна Македонија, на денешната 98-ма седница, го усвои Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, предложен од Министерството за финансии.
Буџетот на расходната страна е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари, приходите е предвидено дека ќе бидат 282,05 милијарди денари, а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари.
На седницата е усвоен и Предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.
Премиерот Ковачевски порача:
Предлог-буџетот за 2023 година се води според златното правило – капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит.
Во 2023 година, планираме рекордно ниво на капитални инвестиции од 795 милиони евра, или за 52,3% повеќе во однос на годинава, кои ќе бидат основа за забрзување на растот понатаму.
Догодина се очекува да се задржат позитивните стапки на економски раст од 2,9%, додека на среден рок растот ќе забрза и од 2023-2027 година во просек ќе изнесува 4,6%. Стапките на раст од 2025 година ќе забрзаат на посакуваните 5%.
Остануваме посветени и на:
1. Фискална консолидација
2. Mерење на успешноста на политиките
3. Раст на инвестициите
4. Унапредување на фискалната децентрализација
5. Постојано унапредување на фискалната транспарентност