Владата на денешната седница донела одлука Стојанче Ангелов од в.д. да го унапреди во директор на Центарот за управување со кризи.
„Стојанче Ангелов, го именува за директор на Центарот за управување со кризи“, посочија во денешното соопштение.
Владата ги донесе и следните кадровски решенија:
– Амир Шабани, го именува за директор на Фондот за осигурување на депозити.
– Дритан Имери, го именува за заменик директор на Државниот испитен центар.
– Ана Петровска ја разреши од должноста в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање.
– Сретен Стојковски го именува за в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање.
– Костадин Ацевски го разреши од должноста директор на Управата за хидрометеролошки работи на Република Северна Македонија, на негово барање.
– Агим Муртезани го именува за вршител на должност директор на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија.
– Донесена е одлука за членови на бордот на директори на Тутунски комбинат Прилеп Владата да ги предложи: Никола Џамбазовски (независен неизвршен член), Миле Велкоски (независен неизвршен член), Кире Станкоски (извршен член), Татјана Стефаноска (извршен член), Ристе Ташев (извршен член).