Владата одлучила да го повлече законот за промена на полот кој веќе е во Собрание, потврдува за ТВ21 првиот вицепремиер Артан Груби.

Измените на законот за матична евиденција, меѓу другото, предвидуваше лице да може да го промени својот пол само со изјава на нотар и требаше во вторник да се најде пред пратениците на Комисијата за политички систем.

„Повлечен е поради тоа што еден наш граѓанин доби судски спор во Стразбург. Тој најверојатно треба да се доработи или измени за да биде во согласност со одлуките на судот“, рече Груби во Клик Плус на ТВ21.