Утврдени се текстовите на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личното име, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Северна Македонија, и на Предлог-законот за дополнување на Законот за матичен број, коишто се во надлежност на Министерство за внатрешни работи, соопштија од Влада, по денешната 109-та редовна седница.
Станува збор за закони кои се дел од националното законодавство во кои ќе се имплементираат предвидените процеси за дигитализација во пракса, потребна е истовремена и координирана измена на повеќе прописи.
– Со предвидените измени и дополнувања ќе се изврши и хармонизација со Поглавје 10 на Европската Унија, што претставува основа за почеток на дигитализација во нашата држава и целосна имплементација на концептот е-Влада, на начин што обезбедуваат меѓусебна комуникација на институциите со бизнис секторот и со граѓаните, наведоа од Влада.