Владата на денешната седница донесе измени и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, со цел на сите баратели да им се овозможи еднаков третман при примањето на финансиската поддршка на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.
-Според овие промени, најголем дел од вкупните буџетски средства за оваа намена ќе бидат определени за категоријата самец, со 2767 барања, а потоа соодветно намалени за категоријата двочлено домаќинство со 2105 барања, за тричлено домаќинство со 602 барања, за домаќинствата со четири члена со 612 барања, и за домаќинство со пет и повеќе члена за којашто стигнаа 453, информира владината прес-служба. мч/лв/