Скопје утре ќе остане без јавен превоз ако Владата не го подмири долгот за ученички билети, кажа секретаторот на Град Скопје Зоран Глигоров. Тој наместо градоначалничката Данела Арсовска во просториите на Градот одржа прес-конференција, на која кажа дека виновни за тоа што ЈСП Скопје нема плата се Владата и Министерството за образование. Затоа, тие утре ќе излезат на протест пред Влада, пишува СДК.мк
-За ученички билети ни се должат 120 милиони денари. Мора секој да си ги подмирува обврските за да може претпријатието да функционира. Нас на овој начин ни се прави притисок“, кажа Глигоров





















