Владата ќе ги покрие долговите за неплатена струја на државни институции на ЕВН, информира премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.
Тоа се буџетски организации и заради зголемената цена на електрична енергија, Владата направи прераспределба на финансиски средства кои се одобрени и ќе ги достави до Собранието со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање