Субвенции за плати во угостителската индустрија се додека трае пандемијата – ова е едно од барањата на стопанственците од овој сектор испорачани на средбата со вицепремерот Фатмир Битиќи.

Од нивните пет барања – три се исполнети, четвртото останува да се доработи, а во однос на петтото барања немало договор.

Тоа значи дека од следниот месец ќе се субвенционираат платите за угостителските објекти, а ќе се дават  и безкамтни кредити. Неповратната помош останува како опција, но ќе треба да се доработува, а угостителите ќе можат да земат кредити од комерцијални банки во висина од 90 милиони евра за сите останати индустрии.

Од владата велат дека остануваат посветени на конструктивен дијалог со сите засегнати страни.

Предлогот на петтиот пакет, кој се уште не е финално дефиниран, содржи околу дваесет мерки, кои се таргетирани да ги поддржат најпогодените сектори и граѓани од здравствената и социо-економската криза, со фокус на задржување на ликвидноста на компаниите и спас на работните места, но и да ги стимулираат компаниите да продолжат да се развиваат и растат.