Владата на предлог на Министерството за одбрана донесе одлука, , за испраќање 134-ца припадници на АРМ, за учество на вежбата „SABER JUNCTION 22“, којашто ќе се одржи во Сојузна Република Германија, во период од 28 август до 21 септември 2022 година.
На денешната владина седница е разгледана и усвоена и Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, за изведување обука за евакуација на лица во тешко проодни планински услови.