Владата денеска на седница донесе одлука за скратување на полицискиот час, односно истиот да започнува од полноќ, а ќе трае до 04 часот утрото.
Работата на угостителските објекти во отворените делови ќе биде до 23:30 часот, а со работа започнуваат и вежбалните, фитнес центрите и теретаните.
Новите мерки важат од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица.
Според новите мерки што беа предложени, полицискиот час ќе трае од 24:00 часот до 04:00 часот и се дозволува користење на годишен одмор за здравствените работници.
Ивентите и настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, а се зголемува и бројот на деца кои може да се згрижат во една група во градинките, односно од 15 на 20 деца.